Денешните паметни телефони се многу помоќни од компјутерите користени од страна на NASA при слетувањето на Месечината. Меморијата од 2KB на системот за наведување на Аполо 11 е многу слаба во споредба со денешните Apple или Android смартфони. Поврзани со неограничен интернет пристап, овие уреди отвораат свет на можности.
Технологијата стана толку секојдневна, што е тешко да се живее без неа. Доаѓа со големи предности во секојдневниот живот, но и со ризици помеѓу кој и сајбер заканите од кои треба да се заштитат корисниците. На глобално ниво, повеќе од три четвртини возрасни лица со корисничка сметка вршат дигитални плаќања и зависат од онлајн банкарството. Иако сегашниот пазар за лично сајбер осигурување е неразвиен, корисниците бараат полиси кое ќе ги преземат нивните лични сајбер ризици. Еве неколку практични совети што да преземете за да се заштитите од можните сајбер закани.
Видови на ризици на кои треба да се внимава
Секоја наша онлајн активност содржи елемент на ризик. Но, начинот на кој лицата се однесуваат кога се на интернет е одлучувачки за тоа дали се изложени на одредени закани. Ова може да се однесува на зачувување на податоците за кредитната картичка на страницата од каде што купувате. Истото важи и за споделување на доверливи лични податоци преку незаштитена бежична мрежа или страници кои не се енкриптирани. Но, ризикот не престанува ако го исклучите вашиот компјутер или го оставите смартфонот. Се предвидува до 2030-та на глобално ниво да има околу 125 милијарди IoT уреди, што е голем потенцијал за сајбер напади. Мали се шансите цел на напад на хакери да биде фрижидерот во вашиот дом којшто е поврзан со интернет.
Сепак, колку повеќе вакви уреди има, толку ќе биде поголем ризикот од напади. Ова може да се должи на недостигот на свесност и знаење што претставуваат смарт уредите и како тие функционираат. Во последниве години, висок профил на сајбер закана е феноменот наречен ransomware. Ваквите напади следат слична шема, вебсајт или онлајн систем е преземен од хакер кој од сопственикот бара да исплати откуп. Иако цел на овој тип напади се претежно компаниите, секој може да биде цел на ransomware.
Како корисниците можат да одговорат на ваквите закани
Постојат неколку чекори кои секој може да ги преземе за да се заштити од овие ризици. Преземањето на одговорност за личната сајбер безбедност и стекнување на добри навики е од критично значење. Првите чекори кој може да ги преземете се:
- Користење на уникатна лозинка за секоја корисничка сметка и користење на лозинки кои тешко може да се погодат.
- Поседување ажуриран безбедносен софтвер и анти-вирус, како и автоматски ажурирања на софтверот.
- Купување и користење банкарски услуги само преку страници со екстра безбедност (адресата да почнува со https://).
- Отворање на атачмент од електронска пошта само ако доаѓа од контакт кој навистина го познавате.
- Несподелување на лични податоци, кориснички имиња и лозинки во одговор на пораки кои наводно се пратени од банки.
- Редовно правење на backup на вашите работни фајлови, фотографии и музика и нивно безбедно чување.