
Годишната стапка на инфлација во Германија во февруари изнесуваше 2,3 отсто, во согласност со прогнозата, покажуваат привремените податоци на Дестатис.
Цените на енергијата во февруари паднаа за 1,8 отсто на годишно ниво, додека цените на храната пораснаа за 2,4 отсто. Цените на услугите се зголемени за 3,8 отсто во февруари во однос на пред една година, јавува Anadolu Agency.
На месечно ниво, потрошувачките цени во февруари пораснале за 0,4 отсто во однос на јануари.
Стапката на инфлација без храна и енергија, често нарекувана базична инфлација, беше 2,6 отсто во февруари на годишна основа и 0,6 отсто на месечна основа, што ги надминува проценките.
Забавувањето на инфлацијата го поттикна случајот за натамошно намалување на каматните стапки од страна на Европската централна банка.
Втората по големина економија во ЕУ, Франција, исто така забележа бавна инфлација, со годишна стапка на инфлација од 0,8 отсто, што е најниска бројка во последните четири години.