
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека очекува стапката на инфлација во Русија да достигне околу седум проценти до крајот на годината.
„Банката на Русија сè уште проценува дека до крајот на годината ќе се приближиме до стапката на инфлација од седум проценти, но ова укажува дека мерките што ги спроведуваат руските финансиски власти даваат позитивни резултати“, рече тој, како што објави ТАСС.
Путин, за време на пленарната сесија на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург (СПИЕФ), изјави дека годишната стапка на инфлација во Русија на 16 јуни оваа година изнесувала 9,6 проценти.
Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум (СПИЕФ) се одржува од 18 до 21 јуни.
Фото: pixabay