Три фрази што никако не смеете да му ги кажете на инвеститор

38

evra

Фото: Pixabay

Имате стартап и барате инвеститор. Инвеститорот има многу понуди и нема време да се задлабочува во вашиот бизнис, ниту пак мотивација да ви ги бара грешките. Со толку многу проекти и понуди, инвеститорот само чека причина да ви каже не. Затоа, не му ја давајте. Inc.com советува следните три фрази никако да не ги кажувате, затоа што во секунда ќе ви го “убијат” договорот.

Пазарот е огромен

Можеби мислите дека е импресивно да кажете дека пазарот е огромен, но тоа што всушност го кажувате е дека не сте го истражиле доволно и немате идеја како да го прилагодите својот бизнис модел со проценката на големината на пазарот. Кратко, мора да знаете се за вашиот пазар.

Сè што ни треба е само 1% од пазарот

Инвеститорите во суштина се обложуваат на вашиот бизнис, па сакате да знаат дека не треба да правите чуда за да се успее, нели? Звучи разумно, но тоа е сосема погрешно. Инвеститорите не се заинтересирани за компании фокусирани на само 1% од пазарот. Инвеститорите сакаат да вложуваат во стартапи кои потенцијално би можеле да обезбедат 10, 20, па дури и 30 пати поврат на инвестицијата.

Нашиот производ е вирален

Ако вашиот производ е толку баран, тоа е супер, но тоа не значи дека е вирален. Секој претприемач тврди дека има “природно вирален” производ. Исто како што секој верува дека е подобар возач од другиот.