Trips, нова апликација на Lonely Planet за љубители на патувања

25

travel

Фото: Pexels

Туристичкиот портал и издавач Lonely Planet има нова апликација за сите љубители на патувањето наречена Trips каде се споделуваат фотографии од егзотични дестинации.

Идејата е на луѓето кои често патуваат да им се понуди едноставен начин за делење на стекнатите искуства од патувањата и откривање на нови дестинации низ светот преку нивните паметни телефони, пишува Tech Crunch.

Ова е втора апликација на порталот Lonely Planet. Првата е Guides којашто нуди совети за одредени локации, а е преземена од над милиони луѓе. Ваков успех се очекува да достигне и новата апликација.