Цената на гасот скокна за 14%

42

Блокадата на протокот на гас од Русија кон Европа преку Украина и воената акција на украинските сили во Русија ги потикнаа цените на резервите на гас на стариот континент на највисоко ниво од почетокот на годината.

Тргувањето на најголемата европска берза за гас во Холандија е затворено во петокот по цена од 41 евро за мегават-час, што е раст од 14 отсто од почетокот на неделата.

– Предвременото прекинување на испораките на транзит на гас преку Украина, во светло на упадот на украинските војници оваа недела во југозападна Русија, може да доведе до скок на зимските цени за дополнителни 17 отсто од сегашните нивоа на околу 50 евра за мегават час, оценува за порталот Монтелњуз aналитичарот на Energy Aspects .

Пазарот дефинитивно реагира на заканата и тоа не е занемарливо, пренесува Јутарњи.хр.