Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во март 2020 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 7.0 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 5.4 %.
Во март 2020 година, во споредба со март 2019 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 92.5, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100.8.
Во делот аутпут, во март 2020 година, во споредба со март 2019 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 106.4, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 101.1.
Фото: Pixabay