Црна Гора: За 11 месеци бруто-фактурираната премија поголема од премијата за цела 2018

27

Советот на Агенцијата за супервизија на осигурувањето на Црна Гора на последната седница за 2019 година, одржана на 27.12.2019 година, констатираше дека врз основа на првичните податоци доставени од страна на осигурителните компании, осигурителните друштва фактурирале вкупна бруто премија од 86,9 милиони евра за 11 месеци од годинаta, што претставува зголемување од 9,5% или 7,5 милиони евра повеќе отколку во истиот период минатата година.

Така, за 11-те месеци од 2019 година, остварена е поголема премија од вкупната премија за 2018 година.

За прв пат најголем номинален раст бележи типот осигурување на живот, за 1,6 милиони евра, што е за 13,5% повеќе во однос на 11 месеци од претходната година.

Индивидуално учество на осигурителни компании во премија за неживотно осигурување за 11 месеци од 2019 година: Lovćen osiguranje AD 42,7%, Sava osiguranje AD 17,7%, Generali osiguranje Crna Gora 15,6%, Uniqa non life insurance 15,5%, Swiss Insurance AD 8,5%.

Индивидуално учество на осигурителни компании во премија за животно осигурување за 11 месеци од 2019 година: Grave AD 40%, Wienner AD 27,1%, Lovćen life osiguranje AD 21,6%, Uniqa Life 11,4%.