![0002](https://biznisinfo.mk/wp-content/uploads/2025/02/0002.jpg)
ТТК Банка АД Скопjе преку Македонска берза известува дека ќе изврши исплата на годишната камата по каматна стапка од 2,7% на годишно ниво на имателите на Корпоративната обврзница – втора емисија на обврзници ИСИН MKTTKS200020 и шифра TTKO2.
Исплатата на камата ќе се изврши на 14.02.2025 година.
Право на исплата на главница и камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на Корпоративна обврзница – втора емисија на издавачот ТТК Банка АД Скопје во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 13.02.2025 година.
Тргувањето со обврзниците во деновите 12 и 13 февруари 2025 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 365 и 366 денови соодветно, при што Купувачот при порамнувањето на 14 и 17 февруари 2025 година ќе треба да го уплати износот на чистата цена (+) акумулираната камата на Продавачот. При ова, Купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на Корпоративната обврзница – втора емисија на обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје на 14 и 17 февруари 2025 година, соодветно и нема да остварат право на исплата на годишната камата