Турската централна банка планира да ја намали инфлацијата на 21 отсто до крајот на годинава

Турската централна банка има за цел да ја намали инфлацијата на 21 отсто до крајот на годината, изјави гувернерот на банката Фатих Карахан.

Тој посочи дека со падот на премијата за ризик, товарот на странските камати се намалува за седум милијарди долари годишно, јавува Anadolu Agency.

Наведувајќи дека одлучувачкиот став во монетарната политика го намали основниот месечен тренд на инфлација и го зајакна процесот на дезинфлација преку ребалансот на домашната побарувачка, реалната апрецијација на турската лира и подобрувањето на инфлаторните очекувања, Карахан рече дека засилената координација на фискалната политика исто така значително ќе придонесе на овој процес.

„Со мерките што ги презедовме во првата фаза спречивме пораст на инфлацијата на повисоко ниво“, подвлече тој.

Карахан изјави дека цврстата позиција на монетарната политика ќе се задржи се додека не дојде до значителен и одржлив пад на основниот месечен тренд на инфлација и инфлациските очекувања не се приближат до проектираната прогноза.