Уште два брода со жито испловија од украинските пристаништа

64

Уште два брода со пченка и соја ги напуштија украинските пристаништа на Црното Море во понеделникот, соопшти турското Министерство за одбрана, со што вкупниот број на такви бродови се искачи на десет откако првиот брод исплови пред една недела по договорот со Русија за деблокирање на извозот на жито од Украина.

Обединетите нации и Турција постигнаа договор минатиот месец, откако предупредија дека прекините во снабдувањето со жито предизвикани од конфликтот може да доведат до сериозен недостиг на храна, па дури и глад во делови од светот.

Бродот Сакура превезува 11.000 тони соја во Италија, соопшти во понеделникот турското Министерство за одбрана, додека Аризона, кој отплови од Черноморск, превезува 48.458 тони пченка до Искендерун во јужна Турција.

Четирите бродови кои испловија од Украина во неделата се очекува да се закотват во близина на Истанбул во понеделник навечер, соопшти Министерството, додавајќи дека ќе бидат проверени во вторник, пренесува „Ројтерс“.