Во Нови Сад се гради научно – технолошки парк вреден 13 милиони евра

63

naucno tehnoloski park

Нови Сад наскоро ќе ја добие една од најголемите и најзначајни институции за едукација и развој на висока технологија, научно – технолошкиот парк (НТП), пишува Екапија.

Договорот за втората фаза за изградба на Научно – технолошкиот парк е потпишан на почетокот на јуни, додека се очекува да се финализира на средината на 2018 година, а вредноста на инвестицијата се проценува на 13 милиони евра.

Научно – технолошкиот парк ќе се простира на површина од 29.000 метри квадратни, од кои 10.000 ќе бидат училници и лаборатории на Факултетот за технички науки. Останатиот простор се отстапува на компании што ги основаа професори од Факултетот. Кога ќе биде финализиран овој проект се очекува работат да најдат околу 3.000 инженери.