Vocktail – виртуелен коктел

20

iii

Фото: Youtube

Vocktail е интерактивен уред за пиење којшто дигитално ги стимулира сетилата за вкус и мирис, пишува Nus News. Тој создава нови виртуелни вкусови со цел да се постигне идеална комбинација без физичко мешање на пијалаци и други состојки.

Vocktail се состои од чаша за служење на коктел, што е споена со 3D печатена основа. Во основата е вграден електронски контролен модул и три микро воздушни пумпи поврзани со три резервоари за мирис. Уредот е поврзан со мобилна апликација со којашто корисниците сами си креираат виртуелни вкусови, ароми и бои преку Bluetooth.

Вкусот на пијалаците се контролира преку две сребрени електроди на работ на чашата. Тие произведуваат контролирани електрични струи со различни величини и фреквенции до врвот на јазикот за да симулираат кисел или солен вкус, додека за боја се користи мобилна апликација што пали различна боја на LED светилка.

Vocktail може да најде своја примена кај постарите луѓе и оние лица кои не смеат да консумираат алкохол поради здравствени проблеми.