Xiaomi претстави паметен планински велосипед што чини 299 долари

34

xiaomi-launches-the-mi-qicycle-mountain-bike-for-299

Фото: Xiaomi 

Кинеската компанија Xiaomi претстави паметен велосипед – Mi Qicycle Mountain Bike. Во овој велосипед се комбинирани класични карактеристики на планински велосипеди со нови технологии.

Технологиите LBS, GPS и AGPS помагаат во лоцирање на велосипедот, постои посебна апликација преку која може да се прикаже поминатиот пат, времето поминато во возење и други корисни информации. Постои и посебна опција со која велосипедистот може да постави одредена рута што сака да ја помине, а велосипедот дава известување кога ќе ја помине, пишува Gizmo China.

Паметните функции на Mi Qicycle Mountain Bike се наоѓаат во издвоен модул којшто работи на интегрирана литиумова батерија со капацитет од 2600 mAh, којашто може да се наполни за два часа и има автономија од 15 дена.

Велосипедот има 11 брзини, Shimano хидраулични кочници и хидраулични амортизери и тежи 13, 6 килограми. Цената на овој велосипед изнесува 299 долари.