За Транскоп од Битола првото полугодие заврши со добивка од 322.000 денари

18

transkop-bitola

За компанијата Транскоп од Битола првите шест месеци од оваа година завршија со добивка од 322.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

“Поради намалување на оперативните приходи во однос на минатата година и намалување на поголем процент на оперативните расходи во вториот квартал на 2017 година искажана е добивка во износ од 322.000 денари“, стои во Образложението за остварените резултати.

Во периодот јануари – јуни 2016 година, компанијата прикажа загуба од 1.556.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, во првото полугодие, достигнаа вредност од 51.903.000 денари. На домашен пазар, од тој износ, отпаѓаат 45.892.000 денари, додека остатокот од 6.011.000 денари е остварен на пазари во странство.

Основна дејност на компанијата е превоз на патници во земјата и странство