Заврши кампањата за компир салатата на Kickstarter – собрани над 55.000 долари

101

kompir salata

Успешно заврши кампањата за најпознатата салата од компир, за која се собираа пари преку платформата Kickstarter. Вкупно 6.911 инвеститори му помогнаа на Зак Браун да собере доволно средства за да ја направи салатата од компир. За таа цел беа собрани 55.492 долари, од кои најголем дел отпаѓаат на 555 ентузијасти кои заедно собраа дури 20.535 долари. Тие вложуваа од 35 до 49 долари и со тоа помогнаа оваа кампања да успее.

Браун не очекувал ваков успех за неговиот проект. Тој стана миленик на јавноста и голем број луѓе почнаа да го следат неговиот пример поставувајќи кампањи за компир салати, салати од тестенини, овошни салати… Креаторот на оваа кампања доби дури и понуда за работа, а постои можност и за организирање на настани посветени на фамозната компир салата.

Се започнало како шега, а сега е веќе вистински проект. Браун планира дел од парите да ги потроши на изнајмување на простор каде што ќе се подготвува салатата, а неговата цел е начинот на подготовка на оваа салата од компири да се пренесува преку интернет.