🎥Завршен најдолгиот автопатски тунел во светот: Еве како изгледа

Кина  објави дека ја завршила изградбата на тунелот „Тијаншан Шенгли“, најдолгиот во светот, кој ќе ги поврзува јужните и северните делови на автономната област Ксинџијанг.

Тунелот „Шенгли“ долг 22,13 километри, што на кинески значи „победа“, ќе го намали времето потребно за возење низ средниот дел на планината Тианшан од неколку часа на околу 20 минути кога ќе почне да работи, објави новинската агенција Ксинхуа.

Во текот на изминатите четири години, повеќе од 3.000 работници работеа континуирано во средини на висока надморска височина и ниско ниво на кислород додека се бореле со голем број геолошки предизвици и ризици.

Во нормални услови, за изградба на овој тунел со конвенционални методи би биле потребни околу 72 месеци, но градителите успешно го завршиле за само 52 месеци, пренесува Global Times.