🎥Подводен ресторан во норвешки стил

28

Подводните ресторани обично се резервирани само за егзотични и етаблирани дестинации, меѓутоа, едно село на јужниот брег на Норвешка отстапува од ова правило. Покрај тоа што нуди врвна гастрономија, атрактивен е и поради уникатниот дизајн.

Во Норвешка, во близина на рибарски град се наоѓа првиот подводен ресторан во овој дел од светот. Ресторанот со симболично име Under се наоѓа на пет метри под површината на морето. Норвешките дизајнери се потрудија масивната бетонска конструкција да биде способна за најтешките и најлошите услови под вода, без да се загрози удобноста на гостите.

Имено, со употреба на природни материјали и вешто манипулирање со светлата им гарантираа на гостите да се чувствуваат како дома, безбедно и неклаустрофобично. Еден од главните адути на ресторанот е панорамскиот прозорец широк 11 метри со нереален поглед на фантастичниот морски свет.

Вреди да се напомене дека целиот објект е направен во огромна бетонска цевка која се спушта од брегот во длабочината на морето. На тој начин дополнително влијаеле на самата чудност и драматичност на овој зафат. Цевката која полека тоне на дното им нуди удобни моменти на гостите на ресторанот, додека однадвор фасадата ќе ја формираат бројни растителни и животински видови на подводниот екосистем.Токму таква била намерата на дизајнерот. Имено, овој објект е ресторан во работно време, а штом последниот гостин го напушти ресторанот, се претвора во истражувачки центар за научници и биолози. Елегантниот дизајн на ресторанот, вграден во бетонска школка со груба надворешност и површина, е идеален како дом за бројни морски видови.

Во ресторанот се сместени 100 гости, а тие уживаат во 3 посебни делови од ресторанот. Овој потонат монолит ја збогати европската гастрономска култура, обезбедувајќи незаборавно искуство за гостите.