Шкотски стартап создава „паметна“ пластика која се самоуништува во морето

213

Стартап Е.V.А. Biosystems, основана на Универзитетот во Единбург, разви пластика која може да препознае кога е во океанот и да се разгради без да создава микропластика. Оваа пластика додава специјални бактерии на конвенционалната пластика кои откриваат кога се наоѓаат во средини како што е морска вода и ги активираат ензимите кои го разградуваат материјалот, пишува Circular Online.
д-р Александар Спикман, основач на компанијата Е.V.А. Biosystems, рече дека иако многумина работат на развој на биоразградлива пластика, тие се премногу скапи и сочинуваат само околу 1% од пластиката во светот.

– Нашата технологија работи со постоечката пластика, што ја прави доволно „паметна“ за да се распаѓа кога ќе заврши таму каде што не треба, како што се нашите океани или депонии – посочи тој.

Новото решение ја освои главната награда во категоријата Net Zero на овогодинешната церемонија на Converge Awards, годишен настан дизајниран да ги награди шкотските академски иновации.

Според истражувањето на консултантската фирма Eunomy, 12 милиони тони пластика завршуваат во светските океани секоја година.