🎥Погледнете како изгледа 3Д печатено кафуле

„Старбакс“, еден од најпознатите синџири кафулиња во светот, ја отвора својата прва продавница изградена со 3Д печатење. Објектот се наоѓа во градот Браунсвил, Тексас, и зафаќа површина од 130 квадратни метри.

Во соработка со германската градежна фирма „Пери 3Д Констракшн“, „Старбакс“ го реализираше овој проект користејќи напредна технологија за 3Д печатење на бетон. Во ѕидот беа оставени отвори за врати и прозорци, кои потоа беа инсталирани и интегрирани во структурата.

Работите започнаа во декември 2024 година. Надворешниот слој на зградата се карактеризира со видливи хоризонтални линии, што е резултат на процесот на 3Д печатење, додека на фасадата се поставени препознатливи знаци на брендот.

Ова кафуле е дизајнирано исклучиво како место за нарачување и подигнување кафе од возилото, без класичен простор за седење.

Претставниците на компанијата истакнаа дека „Старбакс“ постојано бара нови локации со цел да се доближи до потребите на потрошувачите и дека се среќни што нивната прва продавница изработена со 3Д печатење ќе биде отворена во текот на пролетта 2025 година.