15 работи што треба да ги правите на почетокот на работниот ден

29

biro-2

Фото: Pexels

За да ви започне денот како што треба и да имате енергија во текот на истиот, послушајте ги следниве совети.

Да пристигнете навреме

Тоа го знаеме сите, но сепак пристигнувањето точно на време си има свои огромни предности за тоа каков впечаток ќе оставите кај претпоставените и колегите, но и како ќе ви “тргне” денот.

Земете длабок здив и опуштете се

Секој следен ден е свеж и носи нови предизвици, затоа пред да наидете на еден од нив, земете длабок здив и опуштете се, работата секако ќе биде завршена.

Јадете здрав појадок

Не го одбегнувајте појадокот, тој ќе ви даде сила да го започнете денот. Јадете храна која е богата со неопходните витамини и минерали и одбегнете ги маснотиите.

Започнете го секој ден ослободени од вчерашните грижи

Запаметете секој ден е како нов бел лист и пред вас е шанса да го испишете правилно.

Не бидете намуртени

Никој не сака да гледа намуртени лица, особено рано наутро. Колку и да не ви е до смеење, покажете ведро лице.

Организирајте го денот

Пожелно е да имате одредена листа на задачи кои треба да се завршат во текот на работниот ден. Обидете се колку што можете да ја следите. Организираноста ве прави значително поефикасни во работењето.

Бидете присутни во моментот

Бидете физички и психички присутни секогаш кога треба. Да се биде на местото, а да се “лета” со паметот може само да ви одземе време и да пропуштите важни информации во текот на денот.

Разгледајте ги работните обврски заедно со колегите

Краток разговор со колегите во врска со работните задачи ќе ви дојде добредојден за размрдување на мозокот.

Расчистете го работниот простор

Ослободете се од се што е непотребно во вашиот работен простор и што може да ви пречи на концентрацијата.

Потсетете се зошто работите

Звучи како клише, но сепак во оние моменти кога ви е потребна дополнителна мотивација, спомнете си ја најважната причина за кого го правите сето тоа.

Не дозволувајте мејловите да ви пречат во работата

Она што може да почека најдобро е да се остави за подоцна.

Но, оние итните одговорете ги во најбрз можен рок

Сепак итните мајлови и повици одговорете ги најбрзо што можете, оддолжувањето може само да ви го продолжи работниот ден и да предизвика дополнителни проблеми.

Искористе го одморениот ум најдобро што можете

Наутро сме најодморени, затоа настапете со полна пареа.

Внесете мала промена во секојдневието

Не бидете роб на навиката, некогаш и мала промена може да ја разбуди мотивацијата.

Направете мала утринска пауза

Најдете време, 5-10 минути, да се размрдате или да споделите некоја информација со колегите.