15 совети од милијардерот Роберт Парсонс

23

parson

Фото: www.tbrpf.org

Познатиот американски претприемач Роберт (Боб) Парсонс, откако го продаде својот домен GoDaddy.com, а со тоа и својот бизнис вреден 2 милијарди долари, стана најновиот во низата милијардери. Еве што овој успешен и искусен човек советува и порачува:

Дојдете до вашата сигурна зона, но не останувајте таму.

Никогаш не се предавајте. Ако нешто изледа дека не функционира сега, не значи дека нема да успее во иднина.

Кога размислувате да се откажете, поблиску сте до целта отколку што мислите.

Прифатете дека може да се случи и најлошото, но и разумно проценете колку лошо може тоа да биде.

Фокусирајте се на она што би сакале да се случи.

Решавајте ги работите една по една, полека но сигурно. Не може се да се заврши одеднаш.

Секогаш движете се напред, не престанувајте да учите, да инвестирате и да правите нешто ново.

Решавајте ги работите брзо, утре може некој друг да реши за вас, а тоа да не ви се допадне.

Aко не посветувате внимание на работите, тие можат само да се влошат.

Обрнете внимание на конкуренцијата, но повеќе на она што го работите.

Самите решавајте си ги проблемите.

Никому не дозволувајте да ви нередува.

Не очекувајте животот да биде фер.

Не се сфаќајте себе си премногу сериозно.

Секогаш има причина да се насмеете, треба само да ја најдете.