4K Serif телевизор – уметничко дело од Samsung

22

samsung-serif-tv-3Најновиот телевизор на Samsung не е само уред со одлични перформанси, туку и еден вид уметничко дело, пишува New Atlas.

За да го креира единствениот дизајн на 4K Serif, производителот работеше заедно со париските дизајнери Ронан и Ирван Борулек. Моделот е 40 инчен, тежи 12,5 килограми без подлогата. Со тоа тој е за 4,5 килограми потежок од обичен 40 инчен LED телевизор. Задната страна е покриена така што може да биде поставен и на средина на собата без да се грижите дека се гледаат HDMI и USB приклучоците.
samsung-serif-tv-9

Телевизорот има Wi-Fi и Bluetooth, така што не ви се потребни кабли за поврзување. Иако со него доаѓаат четири ногарки за подлога, може да го поставите на полица или маса како да е уметничка инсталација.

Сепак, најинтересно кај него е таканаречениот Curtain Mode што функционира како полутранспарентен скрин сејвер. Дизајнерите не сакаат телевизорот да биде само една црна позадина кога не работи, па така 4K Serif кога е исклучен изгледа како уметничка слика.

Го има во три бои – бела, црна и сина.