„АЛТА банка“ АД Битола: Мобилното и електронското банкарство повторно се во функција

„АЛТА банка“ АД Битола  информира дека мобилното и електронското банкарство  се повторно во функција.

Во оваа фаза, преку мобилното и електронското банкарство е овозможен увид и следење на состојбата на вашите сметки, додека останатите функционалности сè уште не се достапни.
Интензивно работиме на постепено воспоставување на сите услуги и целосна функционалност на мобилното и електронското банкарство, соопштија од банката.
За сите понатамошни подобрувања навремено ќе информираат, наведуваат од банката.