5 научно докажани принципи за успех во бизнисот

102

uspeh-kluc-pixabay

Фото: Pixabay

Што е потребно да знаете за да успеете во бизнисот? Заборавете на претпоставките и мислењата на другите, прочитајте го одговорот поддржан од научни истражувања.

Постојат илјадници книги напишани за бизнис успехот, но повеќето од нив се базирани на личниот став на авторот и неговото консултантско искуство. Сето тоа го поттикнува прашањето: Дали постои наука за бизнис успех? Изненадувачки е, но може да се најде основата на секој бизнис успех во сладните пет принципи:

1. Успешните компании раскажуваат приказни

Според повеќето психолози, раскажувањето на слични приказни ги зближува луѓето и ја гради довербата, правејќи ги дел од истата околина и соодветно на тоа и бизнис партнери. Иако приказните ги поврзуваат луѓето емотивно, тие брзо ги забораваат фактите кои се надвор од контекстот на приказната. Всушност, повеќето луѓе забораваат 90% од информациите презентирани пред нив во релативно краток временски период. Затоа ќе ви се потребни факти и информации кои ќе ви ја поддржат приказната, бидејќи приказните им кажуваат на клиентите и инвеститорите што значи да соработуваат со вас.

2. Успешните вработени работат попаметно, а не подолго

Повеќето компании го охрабруваат повеќечасовното работење, мислејќи дека плаќаат помалку луѓе за да завршат поголем дел од работата. На тој начин мислат дека го зголемуваат профитот, но всушност тоа мислење е неосновано. Според многу студии на оваа тема, продуктивно човекот може да работи околу 40 часа неделно. Додавајќи им повеќе работни часови на вработените ќе се креира минимално зголемување на продуктивноста, но ќе резултира негативно по 3 до 4 недели.

Проблемот е во тоа што уморните луѓе ќе почнат да прават грешки во работењето, што ќе им одземе време во нивното корегирање. Решението е во попаметното работење, што подразбира фокусирање на битните работи.

3. Успешните компании регрутираат тимски играчи, а не супер ѕвезди

Конвенционалната бизнис мудрост ќе ви каже дека организацијата ќе успее побрзо доколку ангажирате топ перформери. Со други зборови, колку повеќе супер ѕвезди, толку подобар тим. Меѓутоа праксата покажува дека тоа резултира со чудно и дисфункционално однесување, бидејќи сите целат да изгледаат добро на сметка на другите.

Бизнис успехот често зависи од тимскиот труд, што подразбира дека успешните компании мора да ангажираат луѓе кои можат да го стават сопственото его настрана и да им помогнат на останатите да станат поефективни и поефикасни.

Според истражувањето на Харвард, најефективни се оние тимови во кои сите се слушаат и говорат еднакво, отколку во тимовите каде што има доминантни членови.

4. Успешните компании ја третираат искреноста како најдобра политика

Во изминатите неколку децении, многу компании имаа тенденција да погледнат на корпоративна етика како на трошок. Претпоставката е дека си попрофитабилен ако лажеш и не те фатат, отколку да играш фер.

Врабоените кои знаат дека нивната компанија лаже се делат на две категории: оние кои чувствуаат конфликт на вредности и сакаат да заминат, и оние кои се чувствуваат сосема добро со тоа. Многу често најдобрите работници спаѓаат во првата категорија, бидејќи вработените на кои им е во ред компанијата да мами, тогаш и тие мамат.

Затоа наместо континуирано да вложувате во нов кадар и да имате непредвидени трошоци, треба да создадете етика во работењето која ќе ви овозможи долгогодишен успех.

5. Успешните компаниии се трудат да го намалат стресот при работењето

Стресот е непријател бр. 1 на успехот. Стресот е причина на голем број здравствени проблеми, меѓу кои се главоболка, тензија на мускулите, болка во градите и стомакот, несоница, анксиозност, недостаток на мотивација и фокусираност, депресија… Здравствените проблеми придонесуваат за намалена продуктувност на вработените.

Во бизнисот најчеста причина за стрес се преголемите обврски и стравот дека нема да се извршат, што ќе резултира со незадоволство кај менаџментот кој ќе го казни неуспехот.

Замената на работницит исцрпени од работа чини пари, а поефективен пристап е да се создаде работна средина која е помалку стресна имплементирајќи ги претходно споменатите четири принципи.