Според Michele McQuaid, светскиот лидер во позитивна психолошка интервенција, доколку чувствувате дека не сте доволно ценети, доколку не сте доволно инспирирани, доколку се чувствувате осамено и мизерно на вашето работно место – не сте единствени…
Анкетата во која учествувале над 1.000 Американци покажува изненадувачки резултат од само 35% вработени, кои се задоволни од нивната работа. Останатите 65% сметаат дека, доколку би имале подобар шеф, би биле посреќни. Само 35% сметаат дека покачување на платата би имало ист ефект.
Се чини дека бизнис училиштата навистина знаат да произведат добри менаџери, но би требало во наставата да внесат и одредени вештини со кои истите ќе ги едуцираат идните менаџери како подобро да ги водат и инспирираат нивните вработени. Најголем предизвик со кој се соочуваат повеќето бизнис лидери е формирањето на средина, каде што се интегрирани сите вработени, каде што секој поединец е полн со енергија. Сето тоа претставува менаџерска способност, која мора да се поседува, за поголема ефикасност при извршувањето на работните задачи и поголемо задоволство кај вработените.