Фото: Pixabay
Кога ви доаѓа да оставите сè, сетете се на причината зошто сте го започнале бизнисот. Само оние што се откажуваат не успеваат, сè другото е прашање на време.
Одложете, делегирајте
Како лидер на вашата компанија има задачи што не треба да ги правите. Одложете и делегирајте ги сите задачи што го дозволуваат тоа. Кога ја имате најодговорната функција во компанијата, ваш приоритет е исполнувањето на најважните задачи.
Најпрво тешките задачи
Не ги одбегнувајте важните разговори. Најчесто задачата од којашто најмногу бегате е најбитна, посветете се прво на оние најсложените.
Вработете ги најдобрите
Во тешки времиња експертите вредат и време и пари. Иако ова е еден од чекорите што компаниите сакаат да ги избегнат, инвестицијата во вистинските луѓе навистина се исплатува.
Реални цели
Редовно состанувајте се со тимот и дознајте што им е најголем проблем. Поставете реалистични и достижни цели и наградете ги оние со најдобри резултати.
Инвестирајте во продажба
Сите од тимот треба да ги имаат потребните алатки за работа, а продажните алатки се најрентабилни во секој аспект од вашиот бизнис. Направете ја потребната инвестиција, вашиот тим го заслужува тоа.
Создадете вредност
Ако решите некому проблем, тој/таа ќе биде ваш верен клиент и ќе ве препорача и на други. Штом веќе сте успеале во тоа, значи дека уште сте во “игра” и останува да им кажете и на останатите за тоа.
Најдете поддршка
Состанувајте се со други претприемачи и разговарајте за вашите проблеми. Различни бизниси најчесто имаат слични проблеми, а со тоа и слични решенија. Споделете го тоа што го знаете и ќе ја добиете потребната поддршка кога најмногу ќе ви треба.