Јапонија: Целосно роботизирана затворена градина за производство на зелена салата

143

zelena salata farma

Јапонската компанија за производство на зеленчук Spread најави дека ќе ја отвори првата целосно роботизирана затворена градина за производство на зелена салата, пишува The Guardian.

Користењето на роботи во производните процеси се наметнува како потреба поради фактот што рапидното стареење на населението.

Според Spread, индустриските роботи ќе се погрижат за правилен раст на илјадници зелени салати што ќе се произведуваат секојдневно во затворена  градина во градот Камеока во префектурата Кјото, започнувајќи од средината на следната година.

zelena salata farma 1

Задача на роботите ќе биде садење, наводнување, грижа и берење на растенијата. Иновативната технологија ќе го зголеми производство од 21.000 до 50.000 зелени салати дневно, а планот е таа бројка да достигне половина милион во рок од пет години.

“Првичното семе на зелените салати ќе ги засадат луѓе, но секој следен чекор од пресадување, до берење ќе биде целосно автоматизиран“, вели Џеј Џеј Прајс, глобален маркетинг менаџер на Spread.