Докажано: Начинот на којшто го движите глувчето ги открива вашите емоции

21

pressure-grip-mouse-1200x0Научници од универзитетот во Аризона, универзитетот Brigham Young во Јута како и институции од Европа и Хонг Конг докажаа дека движењата што ги правиме со глувчето ги откриваат нашите емоции, пишува Wall Street Journal.

Така, според направените истражувања кога корисникот има негативни емоции прави бавни и долги движења со глувчето.

За да дојдат до заклучоците научниците направија три експерименти во различни земји, Индија, САД, Хонг Конг и Германија. На испитаниците им било дадено да решаваат тест на интелигенција во одреден временски рок.

Целта на првиот експеримент била да се изнервираат испитаниците. Задачата не можела да се исполни затоа што веб страната била многу бавна, а нервозата уште повеќе била нагласена кога луѓето виделе дека интелигенцијата им е под просекот.

Потоа следувале други задачи на компјутерот, а научниците го следеле однесувањето на нервозните испитаници наспроти однесувањето на контролната група којашто го поминала истиот тест без дополнителните фрустрации. Покрај бавните и долги движења, групата што била изнервирана го движела глувчето и во рамни односно едвај искривени линии.

Според научниците, движењата им овозможиле да ги детектираат негативните емоции кај луѓето со точност од дури 82%. Овие сознанија можат практично да се искористат, на пример, програмерите можат да ја прилагодат/менуваат веб страната ако забележат дека движењата на глувчето кај корисниците укажуваат на негативни емоции. Онлајн продавачите, исто така, би можеле да откријат кога потенцијалниот купувач ќе покаже незадоволство од функционирањето на веб страната и слично.