AmazonFresh се шири на европскиот пазар

46

Amazon-FreshГигантот за онлајн продажба Amazon ќе го шири својот бизнис за продажба на овошје и зеленчук AmazonFresh на европскиот пазар, пишува Freshfruitportal.

Италија ќе биде првата европска земја што ќе има можност да ја користи апликацијата Amazon Prime Now со којашто се нуди избор од 30 различни видови на овошје и зеленчук.

Широкиот асортиман на производи вклучува јаболка, круши, банани, домати, тиквички, анасон и многу други свежи намирници коишто ќе бидат доставени за еден или два часа, во период од осум наутро до полноќ, седум дена во неделата, во Милано и 34 општини во околината.

Овие производи се придружуваат на веќе постоечката листа на достапни производи преку Amazon Prime Now, како што се замрзнатите јадења (сладолед и супа од зеленчук), колбаси, леб, тестенини и кафе.

Можно е следна земја каде компанијата ќе ја пушти во употреба априкацијата да биде Германија.