Кинески научници создадоа роботи што ќе вршат надзор врз пустински бури

39

robots deserts daft punk screenshots electroma_wallpaperswa.com_50Тим научници од Кина создадоа два специјализирани роботи што ќе вршат надзор на нивото на песок и прашина на песочните бури, пишува Business Standard. Едниот од нив има шест нозе и може да носи товар до осум килограми, додека другиот се движи на тркала и има носивост до 80 килограми.

Според Јанг Зелин, член од тимот, роботите ќе мерат брзина на ветерот, воздушен притисок, влажност, движење на песокот и ерозија од ветер. Опремени се со сончеви панели, користат микробранови за да соберат информации на оддалеченост до 25 километри и можат да трчаат еден час.

Роботите се резултат на заеднички проект на универзитетот во Нинџија, универзитетот Џијаотонг во Шангај, универзитетот од Пенсилванија и Институтот за истражување и инженеринг при кинеската академија на науки. Нинџија е сув и неплоден регион во северозападна Кина и граничи со пустината Тенгер, што е четврта по големина во земјата со површина од 43.000 километри квадратни.