Pharmacy 2 – ресторан во Лондон што личи на аптека

82

fffКога ќе влезете во Pharmacy 2, на прв поглед ќе помислите дека се наоѓате во некоја ултра модерна аптека, но кога ќе погледнете подобро, ќе видите дека станува збор за ресторан. Она што преовладува во ова место се разните слики со шарени капсули, таблетки и специфични медицински кутии, пишува New Port Street Gallery.

Pharmacy 2 се наоѓа во Лондон и е дело на англискиот уметник Демијан Херст. Ова е втор ресторан во низата на славниот уметник. Првиот беше отворен во 2003 година, исто така во Лондон. Како инспирација за проектот му послужи неговото уметничко дело од 1992 година наречено Pharmacy (Аптека).

Ресторанот многу потсетува на аптека, а дополнување на ентериерот е неонското осветлување и самиот крст што е симбол за ваквите објекти. За специјалитетите задолжен е готвачот Марк Хикс, а освен храната посетителите можат да ги разгледаат и уметничките дела на Херст кој во 90-те години беше прогласен за еден од најскапите уметници во светот.

fPharmacyPharmacyPrudenceCumingAssociatesCbbMrEiW8AAD3ahmaxresdefaultPharmacyexterior