Луксузниот бренд Louis Vuitton постојано смислува нови начини како да го дизајнира својот познат монограм, пишува Jewellery Mag.
Овој пат, компанијата претставува нова пролетна колекција на женски часовници наречена Blossom. Цветот што го краси централниот дел на часовниците е креиран од 3D бисерни мотиви (mother of pearl), односно со истата техника што се користи за изработка на накит. Цветовите потоа се обоени во различни нијанси на розова и сина боја со цел да се добие омбре ефект.
Часовниците се украсени и со дијаманти, па така моделите Tambour Spin Time и Tambour Monogram Tourbillon имаат мозаици од дијаманти во различни големини, а секој од нив е дополнет со каивче изработено од крокодилска кожа што одговара на дизајнот.