Петок неработен ден во Венецуела во текот на април и мај

15

petok

Вработените во Венецуела во текот на април и мај ќе имаа продолжен викенд, по одлуката на тамошниот претседател Николас Мадуро да го прогласи и петокот како неработен.

Како причина за оваа одлука се наведува потребата од заштеда на електрична енергија поради долготрајната суша што ја зафати земјата, пишува Bloomberg.

Мадуро најави дека во рамки на мерките се предвидува големите корисници, како што се трговските центри и хотелите, самостојно да генерираат електрична енергија девет часа во текот на денот. Индустриските капацитети што работат во Венецуела во овој период се очекува да ја намалат потрошувачката на електрична енергија.