Како вашиот старт – ап непотребно троши пари на маркетинг

46

start-up

Фото: Pixabay

Ако чувствувате дека вашиот старт – ап стои во место, нема напредок или уште полошо, забележувате дека губите пари додека напорно работите, веројатно е време да ја преиспитате вашата маркетинг стратегија.

Еве на кој начин многу стартапи грешат кога станува збор за маркетинг.

Се плашат од промена

Како што се менува светот, технологијата и случувањата, така треба да се менува и бизнисот. Во спротивно напредокот ќе изостане, производот ќе застари и за кратко време ќе биде заборавен.

Премногу експериментираат

На клиентите може да им се здодее веќе постоечкиот бренд, но можат и да се збунат кога брендот премногу и пребрзо се менува. Ново име, бои, логоа, дизајни на веб страни… треба да се внимава до каде се оди. Не е добро да се изгуби веќе стекнатото значење на брендот.

Прават премногу работи во кус период

Друга голема грешка е прерано инвестирање на премногу пари и време во маркетинг стратегија. Не секогаш тоа е решение. Ако не се знае профилот на потенцијалните купувачи секоја маркетинг стратегија што ќе се испроба ќе биде игра на среќа. Прво, треба добро да се дознае што целните купувачи сакаат и да се одвои мала сума наместо слепо да се премине на големи кампањи.

Ги игнорираат бројките

Има толку многу алатки коишто денес може да се изберат со цел да им помогнат на стартапите подобро да разберат што функционира, а што е само губење на пари и време. Штом бројките ќе излезат на виделина многу е важно да се следат, анализираат и “слушаат”. Ако нешто не иде, треба да се остави, колку и да изгледа интересно.

Преголема фокусираност на социјални медиуми

Многу стартапи го вложуваат своето време во социјални медиуми и сосема забораваат на старите и испробани методи. Рекламата од уста на уста никогаш не ја губи својата ефикасност и секогаш треба да се зема во предвид. Ако стартапот исклучиво се фокусира на онлајн маркетинг ризикува да ја изгуби локалната публиката. Тие луѓе никогаш не треба да се игнорираат, додека се врши глобална онлајн кампања верниот купувач може да биде токму човекот што седи во близина.