Базените за домашна употреба понекогаш служат само како декор на дворот, па од таа причина компанијата Agor од Израел направи практично, безбедно и функционално решение, пишува Contemporist.
Станува збор за платформа што се поставува на дното на базенот, а се подигнува во оној момент кога никој не плива. Платформата е направена од не’рѓосувачки челик и декинг (еколошки материјал направен од дрвени влакна и пластика со исклучителна цврстина).
Со помош на систем со хидраулика платформата се подигнува кога базенот е надвор од употреба, а исто така, може да се регулира длабочината на дното на базенот на посакуваното ниво.
Поради исклучително силните својства, површината на платформата е сосема безбедна за движење и седење по истата.