Француската уметница Lor-K на еден интересен начин ги оживува старите фрлени душеци низ улиците на Париз, пишува Fast Codesign. Таа од нив преку сечење и лепење и креативна замисла создава разни видови на “храна”, од пици и слатки, до суши и ладни сендвичи.
Овие меки скулптури коишто се дел од серијата Eat Me – Изеди ме, се расфрлани низ париските улици и со својот оригинален изглед ги мамат минувачите да погледнат одблизу.
Уметницата патува низ Париз и во зависност од локацијата се инспирира за својата следна “вкусна” скулптура. За да создаде едно вакво ремек дело потребни и се околу шест часа.
За неа колку и да е валкан отпадот, истиот го рефлектира нашиот начин на живот, конкретно животот во градот на светлината. Целта и е на еден невообичаен начин да им се привлече вниманието на луѓето за отпадот што секојдневно го има по улиците на Париз.