Компанијата Neste со седиште во Женева, Швајцарија, создаде прототип на канцеларија од обновливи материјали што може да се намести каде ќе посака корисникот. Градбата наречена GreenPod има форма на јајце, а истата е дел од поголем проект наречен Pre-order the Future којшто вклучува уште четири проекти за коишто може да се гласа. Победникот ќе биде прогласен во септември, по што ќе започне и производство.
Како што велат од компанијата, просторот може да се користи и за одмор и за работа. Конструкцијата ќе ја блокира целата врева, ќе се прилагодува на временските услови, автоматски ќе ги полни сите електронски уреди и ќе генерира податоци и фајлови за корисникот користејќи технологија на препознавање лица.
GreenPod е планирано да биде канцеларија за изнајмување во јавни паркови. Оние што ќе ја користат ќе можат да ја селектираат нивната идеална температура, да одберат каква музика сакаат да слушаат и што сакаат да гледаат додека работат – зимски пејсаж, тропска околина и слично. Градбите ќе бидат поврзани меѓу себе, што ќе му овозможи на корисникот да има 3D холограмски состаноци помеѓу две или повеќе канцеларии.