Градот на светлината го доби својот прв пловен хотел. Неговото име е OFF и се наоѓа на реката Сена близу железничката станица Аустерлиц. Располага со 54 соби, базен, четири луксузни апартмани, бар и 400 метри квадратни летна тераса со прекрасен поглед на Париз.
Хотелот е дизајниран од Жерард Ронцати од Seine Design, а цените за ноќевање се движат од 160 евра, па нагоре.