Што е SWOT анализа?

2300

analiza-1

Фото: Pixabay

SWOT анализата претставува ефикасна алатка за донесување одлуки во различни ситуации и под различни услови во коишто работи компанијата.

Поимот SWOT претставува кратенка од: S – strengths (предности), W – weaknesses (слабости), О – opportunities (можности) и T – threats (опасности). Оваа анализа поаѓа од тоа компанијата да се развива, доколку максимално ги користи предностите и можностите, а во исто време да пронајде модул да ги минимизира слабостите и опасностите.

SWOT анализата му помага на претпријатието да ги препознае позитивните и негативните фактори, што произлегуваат од внатрешната организација, но и од надворешното окружување. Таа претставува аналитичка рамка на менаџментот за добивање на релевантни информации за состојбата во којашто се наоѓа компанијата, но и за околината во којашто делува. Преку релевантните информации од SWOT анализата, менаџерите можат да развијат стратегија што на долг рок ќе значи раст на компанијата.

Овој вид на анализа е најсоодветен да се направи при промена на менаџментот во компанијата. Кога се менуваат менаџерите, SWOT анализата дава јасна слика за процесите на управување. Од друга страна, менаџерите може да ја користат во случаи кога компанијата стагнира или се соочува со одредени флуктуации во работењето.

SWOT анализата треба да биде многу повеќе од листа на слаби и силни страни на компанијата. Добиените податоци треба да значат поддршка за донесување стратешки одлуки и треба да бидат проследени со соодветна акција.

При правење на SWOT анализа, паралелно се спроведуваат две анализи – една интерна, а другата екстерна. При интерната анализа во предвид се земаат: културата, имиџот, структурата, вработените, ефикасноста, капацитетот, пазарниот удел, ресурсите… коишто му стојат на располагање на претпријатието.

При надворешната анализа фокусот е на: корисниците, конкурентните, пазарните трендови, односите до клиентите, партнерите, социјалните промени, новите технологии, економско, социјално и политичко окружување.