Добрите и лошите страни на бизнис акцелератори и инкубатори

223

zabrzuvanje

Фото: Pixabay

Да се биде вклучен во акцелератор или инкубатор има свои добри и лоши страни. Во продолжение малку повеќе за тоа.

Добри страни

Советите и водството на менторите во голема мера помагаат да ги одбегнете почетните грешки што можат да му наштетат на вашиот старт – ап. И двете опции овозможуваат пристап до капитал, пред или после менторството, како и место каде можете да ја развиете вашата идеја. Да се биде дел од инкубатор или акцелератор носи огромни можности за поврзување со луѓе преку вклученост во разни нетворкинг настани што е од огромно значење кога се работи за старт – ап. Кога останатите компании, потенцијални вработени и инвеститори ќе видат дека сте биле дел од добар инкубатор или акцелератор, веднаш ќе ве одвојат од другите стартапи коишто се во истата фаза како и вие, што секако е поен плус за вас.

Лоши страни

Кога работите со сопствен тим рутината и визијата се ваши. Вклученоста во инкубатор или акцелератор може да наметне мислења од ментори и да ја однесе вашата идеја во насока што малку ги менува вашите планови. Да се работи со ментори е, исто така, голема обврска и во најголем случаи ќе ви одземе од времето планирано за развој на вашиот производ, од причина што ќе морате да присуствувате на состаноци со други ментори или инвеститори. Вашиот распоред помалку или повеќе ќе зависи од нив, па ако не сте подготвени на такво темпо и промена ќе ви биде малку напорно.

Како да изберете

За стартапите ова не е лесна одлука. Изборот на инкубатор или акцелератор треба да биде свесно и внимателно направен. Прво, мора да одлучите дали ви треба водството, капиталот и сета друга асистенција што ја нудат програмите. Денес има различни инкубатори и акцелератори, па од клучно значење е да го одберете она што му одговара на вашиот старт – ап.  На пример, доколку ви треба само капитал можеби подобра опција е да побарате експерт во тоа поле. Ако пак имате доволно капитал, но потребно ви е менторство најдобро ќе биде да ја искористите вашата мрежа на контакти за да најдете врвен ментор што совршено ќе одговара на вашите потреби. Откако ќе ги утврдите овие работи, треба да одлучите дали ќе имате повеќе корист од интензивен акцелераторот или длабинскиот инкубатор – вие најдобро знаете што сакате.