BlackBerry го претстави DTEK50 – најсигурниот смартфон на светот

53

Neon_Angle3_onWhite_rev.0Канадската компанија BlackBerry го престави својот најнов паметен телефон DTEK50, којшто користи Android 6.0 Marshmallow софтвер и ги има истите карактеристики како Alcatel Idol 4, пишува The Verge.

Според компанијата, ова е најсигурниот смартфон на светот и веќе може да се нарача директно од BlackBerry по цена од 299 долари.

DTEK50-Orig_0

Неговиот DTEK софтвер ги шифрира сите податоци на телефонот, вклучувајќи ги видеата и фотографиите, со што на корисниците им овозможува контрола и заштита на нивната приватна содржина. Телефонот располага со 5,2 инчен дисплеј, меморија од 16 GB, Qualcomm Snapdragon 617 процесор, 3GB RAM меморија и камера со 13 мегапиксели.

DTEK50 ќе започне да се продава од осми август.