На Азурниот брег помеѓу Ница и Монако се наоѓа моментално најскапата куќа во светот којашто се продава за 1,1 милијарда долари, пишува Forbes. Оваа величенствена градба со богата историја се нарекува Ville Les Cèdres, а се состои од 10 спални, соба за бал, консиерж, 50 метарски базен сместен во карпи, зимска градина и штала за 30 коњи.
Сепак, најимпресивно од сè е ботаничкиот парк којшто се состои од 20 стаклени градини каде има околу 15.000 ретки тропски растенија за коишто се грижат 15 градинари.
Многу познати и славни личности своите одмори ги поминувале тука. Некои од нив се Винстон Черчил, Чарли Чаплин, Елизабет Тејлор и Ричард Бартон, како и принцот Рение III од Монако.