Bearbot е универзално делечинско и еден вид електронско милениче коешто штом ќе го “скротите’ ќе ја слуша секоја ваша команда. Ова слатко мече е креирано од страна на стартапот Mu Design од Луксембург. Она што е интересно е покрај тоа што одговара на вашите наредби, може да ве изненади со спонтано кивање, прозевање и слично.
Bearbot може да контролира различни уреди во станот како клима, телевизор, светилки, термостат, аларм, лаптоп, мобилен телефон, радио и друго.
Далечинскиот управувач функционира благодарение на 3D сензор што распознава различни гестикулации. Bearbot преку апликација ги учи движењата и ги разпознава различните уреди за далечинско управување. Тој целосно ги полни своите батерии преку индукција за приближно четири часа.
Стартапот има своја кампања на платформата за групно финансирање Indiegogo, каде досега има собрано над 21.000 долари од потребните 199.000. Заинтересираните можат уште сега да нарачаат Bearbot по почетна цена од 75 евра.