Горење веќе нема да произведува мебел

76

gorenjeСловенечкиот произведувач на апарати за домаќинството Горење објави дека на приватниот инвестициски фонд CoBe Capital им ги продал своите фирми Горење кујни и Горење внатрешна опрема и на тој начин излегува од сегментот за производство на мебел.

Новиот сопственик ќе продолжи со производството во погоните во Марибор, Велење и Назарје, каде се вработени околу 400 работници.
Од Горење истакнуваат дека сегментот за производство на мебел не била основна дејност на компанијата, а во овој сегмент последните три години бележеле загуба.
Условите за продажба не се објавени.