Луксузниот бренд Louis Vuitton претстави седум нови парфеми чиј таргет се купувачите од средната класа, јавува Reuters. До сега најевтини работи што можеа да се најдат од компанијата беа аксесоари со цени од 200 до 300 евра.
Ова е важен чекор за француската компанија со оглед на тоа што истовремено сака да направи баланс помеѓу зголемениот број на производи со пониски цени и престижот што веќе го ужива. Брендот забележа опаѓање на продажбата во минатите три години, па се реши да го зголеми асортиманот на подостапни производи.
Новата колекција од седум парфеми се продаваат по цена 200 евра за 100 милилитри. Иако поседува 460 засега Louis Vuitton ќе ги понуди овие парфеми во само 180 продавници низ светот.