Atlantic Rain, компанија од Ирска, ќе се приклучи на седумте светски компании што веќе произведуваат флаширана дождовница и со тоа ќе стане првата европска земја што ќе се занимава со овој бизнис, пишува Luxurylaunches.
Во Ирска врне многу дожд особено на западниот брег, но облаците не преминуваат преку копно пред да стигнат во земјата и затоа дождовницата е прилично чиста. Водата во Atlantic Rain ќе биде токму од оваа чиста дождовница и ќе биде премиум производ којшто одлично ќе ја престави Ирска на пазарот.
Од компанијата велат дека штом дождовницата внимателно ќе се филтрира, ќе има квалитетен и примамлив вкус, ќе биде ослободена од хемикалии и нема да содржи било какви адитиви и загадувачи. Брендот планира да го продава својот премиум производ во стаклени шишиња од 250 и 750 милилитри.