Бизнисмен од Индија вработените ги наградува со автомобили, куќи и накит

39

indiski-biznismen

Индискиот бизнисмен Савјибхаи Долакиа, сопственик на компанијата за трговија со дијаманти и текстил Hare Krishna Exporters, одлучи на вработените да им подари автомобили и куќи, пишува India Today.

Овој великодушен чин на бизнисменот следи по повод тамошниот фестивал Дивали.

Во компанијата работат 5.500 луѓе, а голем бонус ќе добијат 1.665 од нив кои се избрани врз основа на нивните перформанси. Вкупно 1.260 вработени ќе добијат автомобили, додека 400 вработени ќе добијат сопствен дом, а 56 на подарок ќе добијат кутии со накит.