Индустриското производство во јануари помало за 1,3%

51

Industry_Texas-630x473Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во јануари 2013 година во однос на истиот месец лани е помало за 1,3%.

Пораст на индустриското производство е забележан во секторот Рударството и вадење камен 17,6%, додека опаѓање од 4,5% е регистрирано кај Преработувачка индустрија и во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 0,7%.

Според главните индустриски групи, производството бележи пораст кај Енергија за 2,2%, Капитални производи за 11,45% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,1%. Опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13,1% и Трајни производи за широка потрошувачка за 5%.