Тимот којшто стои зад развојот на Google Photos, претстави нова апликација наречена PhotoScan, наменета за скенирање стари хартиени слики.
Предноста на апликацијата е што идеално ги скенира сликите, наместо да се фотографираат со камерата при што може да дојде до отсјај од надворешниот извор на светлина, пишува Verge.
Процесот е нешто подолг од обично сликање на хартиената слика, а тоа е и методот што овозможува добивање на подобар квалитет на дигиталната слика. Кога ќе ја отворите апликацијата и насочите кон вашата хартиена слика, потребно е да направите четири слики.
Се појавуваат четири кругчиња што треба да ги погодите, а со тоа се прави и сликањето. Поради сликањето на четири слики, наместо една, PhotoScan е во можност да направи комбинација којашто ќе биде почиста и ќе нема отсјај.
Оваа апликација е едноставна за користење и не бара корисничка регистрација.